Скршено стакло и крв се разлеа по улицата – Каскадер жена загина на снимањето на филмот

„Возач каскадер загина на сетот „Deadpool“ за време на снимањето на сцената со мотоциклот. Можеме само да потврдиме дека е во прашање жена“, објавија од полицијата.

На снимањето на филмот „Deadpool 2“ во Ванкувер, загина каскадерка. Жената на сетот доживеала несреќа возејќи го мотоциклот.

Набљудувачите мислеле дека станува збор за дел од филмот, но набрзо сватиле дека несреќата не била намерна.

„Возачот каскадер загина на сетот за време на снимањето на сцената со мотоциклот. Можеме само да потврдиме дека е во прашање жена“, објавија од полицијата, а пренесува klix.ba.

Премиерата на фимот „Deadpool 2“, е закажана за јуни 2018 година, но прашање е кога таа ќе биде организирана поради несреќата.

Снимањето на филмот почна во јуни, а главната ѕвезда е Рајан Рејнолдс и Џош Бролин.

Scroll to Top