Славната актерка стана мајка на 47 години: Не планирав, не учев, само го направив тоа

Познатата холивудска актерка Луси Лиу раскажа за мајчиството. Актерката на 47 години стана мајка и рече дека не го планирала овој чекор. Својот син Роквел го доби преку сурогат мајка на 47-годишна возраст, за сето тоа раскажала за The Cut.

“Немав план. Само размислува  дека сакам малку да го сменам разговорот. Не сакав повеќе да зборувам за следниот проект. Се чувствував како да го читам истото сценарио одново и одново. Ми се здосади. Не сакав истиот дијалог. Се слушнав себеси како ги кажувам истите работи многу пати и само си помислив- па тоа не може да биде она што е следно за мене во однина. Не ми беше доволно. И не размислувам премногу, не истражуваав многу, само го повлеков чкрапалото. Многу луѓе читаат книги за родителството. Јас не правев ништо од тоа. Си помислив, кога ќе дојде детето, ќе сфатам“, искрена е актерката.

Откако со години живееше во Лос Анџелес, таа се врати во Њујорк заради своето дете.  “Дефинитивно сакам да го растам детето во Њујорк. Луѓето велат дека тука не е практично, а немам ни автомобил. Но, на тој начин тој ќе ги види сите работи. Ќе му покажам што е безбедно и што е не е . Ќе научи да ги разбира работите преку искуство. Тешко е да се изгради здрав разум, кога сте постојано во автомобилот“, објасни Луси Лиу за својата одлука.

Scroll to Top