Славни фаци кои станаа татковци по 50 години

Ал Пачино имаше 60 години кога му се родија близнаците Антон и Оливија. Мајка им е Беверли Д’Анџело, а Пачино на 83-години доби уште едно дете со 29-годишната Нур Алфалах.

Роберт де Ниро има седум деца, од кои најстарото му е родено во 1971 година. Најмладото го доби во 2023 година, на 79 години.

Клинт Иствуд

Актерот има седум деца, а неговото последно е родено во 1996 година кога имал 66 години.

Доналд Трамп

Поранешниот американски претседател стана татко во 2006 година, непосредно пред неговиот 60-ти роденден. Неговиот и синот на Меланија се вика Барон.

Денис Квејд

Актерот и сопругата Кимберли Бафингтон добија близнаци во 2007 година, кога тој имаше 53 години.

Алек Болдвин

Познатиот актер беше во педесеттите години кога со неговата втора сопруга Хиларија го добија нивното прво дете Кармен. Во март 2021 година, го добија шестото дете, Марија Лусија Викторија Болдвин. Алек тогаш имаше 62 години.

Џорџ Клуни

Децата на Џорџ и Амал Клуни се родени во јуни 2017, кога актерот имаше 55 години.

Хулио Иглесијас

Најстарите деца на Енрике Иглесијас имаат вујко кој е само десет години постар од нив. Таткото на Иглесијас, шпанскиот пејач Хулио Иглесијас, го доби Гиљермо во 2007 година на 64 години. Мајката на Гиљермо е Миранда Рајнсбургер.

Хју Грант

Британскиот актер е татко на две деца. Првото е родено во септември 2011 година, кога имал 50 години, а второто две години подоцна во 2013 година.

Арнолд Шварценегер

Актерот и политичар е татко на пет деца, четири како резултат на неговата долгогодишна врска со Марија Шрајвер и уште едно со поранешната куќна помошничка на семејството. Нивните две најмали деца се родени во 1997 година, кога Шварценегер имал 50 години.

Џорџ Лукас

На 69 години, Џорџ Лукас и неговата сопруга Мелоди Хобсон (тогаш 44) ја добија првата ќерка Еверест Хобсон.

Хју Хефнер

Хју Хефнер беше татко на четири деца, а најмалото е родено во 1991 година кога имал 65 години.

Џон Траволта

На 56-годишна возраст, Џон Траволта повторно стана татко заедно со покојната Кели Престон во ноември 2010 година. Заедно тие го добија нивниот син Бенџамин.

Мел Гибсон

Во 2009 година, на 53-години, Мел Гибсон доби девојче со 39-годишната пејачка и текстописец Оксана Григориева. Подоцна, на 60-годишна возраст, актерот стана повторно татко, по деветти пат, со неговата 26-годишна девојка Розалинд Рос.

Брус Вилис

Брус Вилис и неговата сопруга Ема Хеминг имаат четири деца. Неговиот најмлад син се родил кога актерот имал 57 години.

Мајкл Даглас

Заедно со сопругата Кетрин Зета Џонс, американскиот актер стана татко во 2003 година, кога имаше 58 години.

Ник Нолти

Единствената ќерка на Ник Нолте се роди кога актерот имаше 56 години, во 2007 година.

Пол Макартни

Во 2003 година, познатиот член на „Битлси“ ја доби ќерката Беатрис со неговата партнерка Хедер Милс, кога тој имаше 61 година.

Род Стјуарт

Род Стјуарт е татко на осум деца. Неговиот последен син се роди во 2011 година, кога пејачот имаше 66 години.

Сајмон Кауел

Во екот на скандалот што доведе до откривање на неговата врска со Лорен Силверман, познатиот судија за таленти Сајмон Кауел стана татко на 59-годишна возраст.

Scroll to Top