Славни личности со висок коефициент на интелегенција

Холивудските ѕвезди често се цел на предрасуди поради работата со која се занимаваат, па никогаш не се сметани за високо интелегентни лица. Но, тоа не е точно. Меѓу нив има буквално вистински генијалци.

1. Лиса Кудров – 154

Иако во серијата „Пријатели“ ја глумеше шашавата Фиби, покрај тоа што е брилијантна актерка, Лиса е и многу интелегентна жена. Нејзиниот коефициент на интелигенција е 154.

2. Мет Дејмон – 160

Холивудскиот шмекер Мет Дејмон е еднаккво паметен како и неговиот лик Вил Хантинг, а идејата за сценариото на овој филм ја добил како студент на Харвард каде одел на курс за драматургија. Проектот го реализирал со неговиот најдобар пријател и колега Бен Афлек.

Факултетот го напуштил за да ѝ се посвети на актерската кариера, во што и успеал.

3. Арнолд Шварценегер – 135

Славниот терминатор е познат по истрајноста и мотивационите говори, а иако многу го исмевале поради неговиот акцент и го ставаа на списокот на глупи мускулести момци, тој во младоста докажал дека е многу интелигентен.

4. Мадона -140

Славната пејачка поради своите постапки остава впечаток на не премногу паметна личност, но нејзиниот коефициент на интелигенција на тестот покажал нешто друго, што значи дека зад нејзините костими и лудости се крие паметна жена.

5. Шакира – 140

Колумбијката со своите танци ги воодушевуваше мажите ширум светот, но има уште нешто да понуди освен тверкањето, а тоа е брзиот и паметен начин на размислување. На 4 години ја напишала нејзината прва поезија, додека на 8 нејзината прва песна.

6. Квентин Тарантино – 160

За овој режисер, кој се потпишува на некои од најомилените холивудски филмови, не изненадува тоа што има висок коефициент на интелигенција, иако не успеал да матурира во средно училиште. Неговиот коефициент на интелигенција е ист како и во случајот со славниот научник Стивен Хокинг.

7. Шерон Стоун – 154

Ѕвездата од филмот „Ниски страсти“ не е само убава и атрактивна, туку и неверојатно интелигентна. Таа на 15 години е наградена со стипендија која ѝ овозможила да студира на еден универзитет во Пенсилванија, а студирала креативно пишување. Секси актерката е жена која секој маж би посакал да ја има.

8. Роуан Аткинсон – 178

 

 

 

 

Мистер Бин е всушност генијалец и инженер по електротехника. По успехот во средно училиште, тој дипломирал електротехника на Оксфорд, каде бил многу успешен, а засекогаш ќе остане запаметен по прочуената улога мистер Бин.

9. Синди Крафорд – 154

Иако постојат голем број предрасуди кон манекенките и убавиците, прочуениот супермодел Синди Крафорд не е само добра во шетање по пистите, туку и има висок коефициент на интелигенција, што ја прави совршена жена.

10. Силвестер Сталоне – 160

Славниот Роки, покрај мускулите и боречките вештини, може да се пофали и со висок коефицинет на интелигенција, а по тешките времиња во младоста, тој се сетил да го напише сценариото за филмот „Роки“, па го уценил студиото кое го снимало филмот дека мора тој да биде во главната улога. Покрај интелигенцијата, тој често покажува и дека е снаодлив човек.

 

 

Scroll to Top