Славни мажи кои не сакаат брак

Славниот американски актер, 79-годишниот Ал Пачино, е еден од најголемите заводници во Холивуд. Пачино бил со Дајан Китон, со која глумеше во легендарниот филм „Кум“ на Копола, а нивната врска со прекини траела десет години.

Китон секогаш велела дека бракот не е за неа, но признала дека само со Пачино сакала да застане пред олтарот. Таа му поставила ултиматум – брак или крај на врската. Актерот не сакал  брак, па врската конечно заврши по снимањето на филмот.

„Да не се биде во брак не е најлошата трагедија. Мислам дека не бев практична. Имав луда идеја за тоа што значи да се биде заљубен, а сега гледам што е потребно за да се направи врската успешна – реално сознание дека заедно правите добар тим.“ – вели Китон.

И Пачино го објаснил своето гледиште за брак:

„Бев во долги врски што беа како брак. Жал ми е што морам да го кажам ова, но бракот е состојба на ум, а не договор. За мене бракот е поврзан со мојата идеја за посветеност, а посветеноста е прашање на емоции.“

Бракот никогаш не го интересирал ниту неговиот колега, 52-годишниот Бенисио дел Торо. На новинарско прашање дали некогаш би се оженил, овојрекол  „Зошто треба да се оженам? Само за да можам да се разведам?“

Венчалниот прстен никогаш не се појавил ниту на раката на 53-годишниот Џон Кјузак. Новинарите еднаш го прашале да објасни со пет збора или помалку, зошто е тоа така. Кјузак им одговорил со осум зборови: „Општеството нема да ми кажува што да правам.“

И 45-годишниот Леонардо ди Каприо секогаш има подготвен одговор на прашањето дали некогаш ќе се ожени. „Не можете да предвидите брак. Не можете да го испланирате. Ќе се случи кога ќе се случи.“ вели Леонардо.

Пред неколку години тој дал речиси идентичен одговор на друг медиум: „Бракот ќе се случи кога ќе се случи. Гледај, ќе ги пуштам работите да одат природно.“

Корисниците на социјалните мрежи сакаат да се шегуваат за љубовниот живот на Леонардо, па така пресметале дека славниот глумец повеќе не запознава девојки над 25 години.

Всушност, списокот на млади убавици во неговиот живот (претежно модели) е доста долг, а секој пат кога партнерката ќе ја надмине 25-та година, Леонардо ја заменува со помлада.

Scroll to Top