Славниот модел Кристи Тарлингтон наполни 50 години

Кристи Тарлингтон вчера наполни 50 години. Славната менакенска е од онаа златна генерација на дами, како Линда Еванс, Наоми Кемпел, Синди Крафорд кои го освоија светот на модат

Кристи Тарлингтон во текот на својата кариера се појавила на повеќе од 500 насловни страници.

“Најдобриот модел на сите времиња! Можете да ги искомбинирате сите модели на овој свет во една личност и таа пак нема ни да биде блиску до неа. Жал ми е, девојки. Сон ми е повторно да работам со неа пред да се пензионирам, но шансите да се оствари тоа се еднакви на добивка на лотарија”, изјавил славниот кастинг директор Џејмс Скали.

Кристи одамна се повлече од модните писти за да се посвети на школувањето и семејството, но повремено снима по некоја кампања.

“Иако реално никогаш во целост не го напуштив моделингот, во своите мисли како да го направив тоа бидејќи продолжив понатаму со својот живот. Се сеќавам дека едни познаници ме видоа со ранец на грб и коментираа: “Ах, кутра”. Кутра? Будали, јас се образувам. Конечно престанав да пушам цигари и малку се здебелив. Бев во Париз на модната недела и се сеќавам на моментот кога сфатив дека правам нешто здраво за себе и тие ме осудуваат поради тоа”, изјавила познатата манекенка во една прилика.

Таа во 2003 година се венчаше со актерот и режисер Едвард Брнс со кој има две деца, и се посвети на хуманитарната работа.

Scroll to Top