Славниот пар без ниту еден скандал, Том Хенкс и Рита Вилсон прославија 35 брак

Актерот Том Хенкс (66) и неговата сопруга Рита Вилсон (66) ја прославија својата триесет и петта годишнина од бракот, а на социјалните мрежи се пофалија со фотографија.

Рита се огласи на Инстаграм за да ја покаже новата објава каде што таа и нејзиниот сопруг споделија торта заедно за специјалниот ден.

„35 години брак. Љубовта е се“, напишала актерката на фотографијата на која Том држи торта и двајцата се насмеани.

Парот првпат се запозна кога Рита доби улога во една епизода од ТВ ситкомот „Bosom Buddies“ и никогаш не ни замислувале дека ќе завршат како еден од најдолговечните двојки во Холивуд.

Тие се венчаа на 30 април 1988 година. Том имаше две деца од првиот брак, Колин (45) и Елизабет (40). Тие го проширија семејството и ги добија синовите Честер, познат како Чет (32) и Труман (27).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rita Wilson (@ritawilson)

Scroll to Top