Славните не штедат за Нова година, на најмилите им купија скапи подароци, како накит, пони, острови

Кога станува збор за давање на подароци за Нова година и Божиќ, познатите и оваа година покажаа дека не сакаат да се штедат. Така некои од нив како Бред Пит, Анџелина Џоли, Ким Кардашијан на најмилите им подарија скапи накити, пони, а некои пак се одлучија за приватен остров.

Бред Пит семејството го изненади со оригинален подарок. На Џоли ѝ купи коњ, а на шесте деца по едно пони. Бред не е единствениот кој се штедеше годинава. Мајката на Кардашијани, Крис Џенер на внуците им подари куќа за кукли. Куќата е голема што и таа може да живее во неа.

Слична таква ѝ подари на нејзините деца, а ја чинеше 100.000 долари. Реалната ѕвезда и идна адвокатка Ким Кардашијан на неколку девојчиња од семејство во Токио им купи „Луис Витон“ торби, а на ќерка ѝ Норт Вест ѝ подари јакна од некогашната поп ѕвезда Мајкл Џексон за која потроши 65.000 долари.

Јакната ја купи на аукција со бившиот сопруг Кание Вест. Нејзината помлада сестра Кајли Џенер на ќерка ѝ Сторми ѝ подари скап дијамантски прстен и пони. Нејзиниот партнер Тревис Скот минатата година им подари дијамантски прстен.

Американската раперка Карди Би со сопругот Офсет за ќерката Култура и купија торба вредна неколку илјади долари и минијатурен спортски автомобил. Ѕвездата од „Брзи и бесни“, Тајрес Гибсон, минатата година на ќерката Шели и купи егзотичен приватен остров.  

Scroll to Top