Крис Џенер, ријалити ѕвездата и „главата“ на кланот Кардашијан-Џенер, предизвика многу коментари со една од нејзините последни објави на Инстаграм.
68-годишната Крис позираше во бела наметка, промовирајќи различни производи за нега на кожата. Сепак, нејзините следбеници во коментарите напишаа дека фотографиите се фотошопирани. Некои тврдат дека таа изгледа „премногу добро за нејзините години“.
„Ве молам престанете да промовирате нереални стандарди за убавина“, „Секогаш кога ќе го видам лицето на некој од вашето семејство се ужаснувам колку е нереално. Нема ништо убаво во ова“, „Без линии на вратот – ве молам, никој не изгледа така“, „Прегрни си ги годините“, „Зошто не покажуваш како изгледаш без фотошоп?“, „Никој не изгледа така по 60. Таа ни се потсмева“, се дел од коментарите под објавата.