Раперот Снуп Дог има вработено девојка која има за задача да му витка џоинти. Во јуни беше објавена информацијата дека поради инфлација, раперот и ја покачил платата.
Оваа информација помина незабележана, но повторно стана актуелна откако водителите на австралиското реално шоу „Шоуто на Кајл и Џеки О“ во својата емисија ја поканија Ренегед Пирана.
„Пресметав дека досега има повеќе од 450.000. Работам со околу 220 грама дневно, што е од 75 до 150 џоинти“, рекла Ренегед.
Веста беше објавена во јуни на твитер-профилот „UberFacts“. Беше напишано дека Снуп Дог вработува лице кое заработува меѓу 40.000 и 50.000 долари годишно, а Снуп, кој има над 20 милиони следбеници на платформата, одговори: „Инфлација. Нивната плата се зголеми!“ и ја спореди неговата работничка со филмскиот лик Лурч од семејството Адамс, опишувајќи ја нејзината работа како беспрекорна.
Во интервју за Хауард Стерн, Снуп изјави дека придобивките од работата се бесплатната марихуана, а понекогаш и облеката.