Со исечок од „Куќа од карти“ Кевин Спејси порача дека е невин за сексуалните напади

Актерот Кевин Спејси на својот твитер-профил објави исечок од серијата „Куќа од карти“, со што ги отфрла сите обвинувања за сексуално вознемирување со кои се товари.

Во видеото под наслов „Let me be Frank“ („Дозволете ми да бидам искрен“, а Френк е и името на неговиот лик во хит серијата „Куќа од карти“) Спејси, повторно го одглуми својот негативен лик, велејќи дека луѓето не треба да веруваат во сѐ што ќе чујат за него.

Спејси во филмот го глуми ликот на Френк Андервуд, а во делот што актерот го објави на социјалните мрежи тој зборува за својата невиност.

Американскиот глумец е обвинет за сексуален напад врз малолетник, извршен во јули 2016 година во близина на Бостон. Спејси треба да се јави во суд на 7 јануари, за да ги чуе официјалните обвиненија.

„Сигурно нема да ја платам цената за нешто што не сум го направил. Нема да верувате во најлошото без докази? Нема да избрзате со осудата, пред фактите“, вели Спејси во исечокот од филмот, пренесува BBC.

„Ако не сум платил за она што и двајцата знаеме дека сум го направил (во улога на озлогласениот лик Френк), сигурно нема да платам за она што не сум го направил“, додава Спејси.

Спејси, инаку, беше отпуштен од серијата „Куќа од карти“ по избивањето на секс скандалите.

 

Спејси овој пост го објави во моментите кога е откриен датумот на неговото појавување пред судот, 7 јануари. Спејси е обвинет за инцидент во Масачусетс, кога наводно сексуално вознемирил тинејџер во бар.

Веста за овој инцидент се појави во ноември 2017 година, а до тогаш Спејси молчел за овој инцидент, кој наводно се случил во јули 2016 година. Освен овој случај, Спејси е обвинет и за обид за сексуален напад во 1986 година, како и бројни други обиди од ваков карактер.

 

Scroll to Top