Новиот фудбалер на Јувентус Кристијано Роналдо во моментов е најпопуларниот спортис на планетата и тоа Португалецот максимално го користи.
Роналдо на социјалните мрежи и Инстаграм има неверојатни 136 милиони обожаватели. Тој заработува убедливо најмногу од сите спортисти, благодарение на оваа популарна мрежа.
Веќе од порано е познато дека Роналдо на оваа социјална мрежа ги рекламира своите спонзори, кои издвојуваат сериозни пари за да нивното лого се покаже на фотографиите кои ги гледаат десетина милиони луѓе, а можеби и повеќе.
Доколку некои сака да се појави на објавата на Роналдо, мора да плати неверојатни 750.000 долари!
Тоа го може само Роналдо.