Со скелети и човечки черепи Кардашијан ја украси куќата за Ноќта на вештерките

Реалити ѕвездата Ким Кардашијан објави видео на Инстаграм на кое покажува како ја украсила својата куќа за Ноќта на вештерките.

„Решив дека темата ќе биде скелети“, изјавила реалити ѕвездата.

Таа снимила големо дрво покриено со украси од коски и череп, а потоа покажа морничави луѓе кои изгледаат како да палат оган и скулптури со бели раце кои излегуваат од земјата.

Внатре во куќата, Карадашијан поставиладекор во форма на пајажина која виси од таванот и ѕидовите.

„Овде е навистина морничаво“, додаде Ким, покажувајќи на лажните мумии расфрлани низ куќата.

Нејзиното видео го погледнале повеќе од милион луѓе. Некои напишаа дека ова им е многу кул, додека други се согласија дека нема да се осмелат да спијат во нејзината куќа покрај вакви украси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Scroll to Top