Со стајлинг од два милиони евра Георгина ја провоцира мајката на Роналдо

By

Георгина Родригез прошета по улиците во стајлинг кој чини два милиони евра.  Медиумите дури пишуваа дек мајката на Кристијано Роналдо е главниот виновник зошто славниот фудбалер се уште не се оженил за Георгина Родригез.

dobivaj vesti na viber

Како причина се наведува провокативното облекување. А, сега пак и скапата облека со која оди на прошетка, уште повеќе ја нервирало мајката на Роналдо, пишуваат медиумите.

 

Таа се прошета по улиците на Манчестер во син фустан од Стела Макартни, кој чини 1.900 евра . На нозе носи LeSilla штикли од 765 евра, додека чантата Hermes која ја држи во рака чини 94.000 евра!

Модните додатоци кои ги носеше тој ден, два прстени и многу скап часовник, значително ја зголемија цената на целиот аутфит.

Првиот е прстен со дијаманти и сафири, кој чини 800.000 евра, а вториот е Картие од 700.000 евра.  Згора на сето тоа, Георгина стави и часовник Rolex чија цена е 550.000 евра, кој е изработен од 18-каратно бело злато и украсен со дијаманти.

 

Ќе ви се допадне