Глумецот Кал Пен за првпат јавно призна дека е хомосексуалец. Тој во последното интервју рече дека свршеникот го запознал додека работел кај поранешниот американски претседател Барак Обама пред 11 години. Од тогаш двајцата живеат заедно.
Индиско-американскиот глумец кој е познат по улогата во „Харолд и Кумар“ вели дека е среќен што има семејство кое го поддржува, додавајќи дека прво својата сексуалност ја споделил со неговите родители и блиски пријатели.
„Знам дека ова ви звучи како шега, но, вистина е. Кога веќе сте им кажале на своите индиски родители и јужноафриканската заедница дека имам намера да станам глумец, сите разговори кои следат потоа се многу лесни. Тие брзо ја прифатија реалноста и имав силна поддршка од нив. Тоа е прекрасна работа. Знам дека сите имаат различни искуства со тоа и дефинитивно се чувствувам многу среќен“, рече Пен.
Што се однесува до венчавката, Пен вели дека двајцата се уште размислуваат, но сакаат да имаат индиско венчавање.
„Очигледно сум верен за маж и нашето семејство ќе биде таму на венчавката. Сега имаме големо несогласување дали тоа ќе биде голема венчавка или мала венчавка“, рече Кал, кој додаде дека сака венчавката да биде едноставна и брза, а на церемонијата да бидат само родителите.