Со телото ми ги притискаше градите, сведочеше една од жртвите на Кевин Спејси

Ентони Реп во петокот сведочеше во судот за злоставувањето кое го трпел од холивудскиот глумец Кевин Спејси. Тој рече дека го злоставувал кога имал 14 години. Првпат се огласи со својата приказна и обвинувања во 2017 година. Во времето кога се случил нападот, Ентони глумел во Precious Sons на Бродвеј.

Откако му завршила претставата, Спејси, кој тогаш глумел во „Долгодневно патување во ноќта“, го поканил на забава кај него дома. Рече дека двајцата останале во неговата спална, кога гостите си заминале.

Спејси ја блокирал вратата, а потоа го земал во раце и го однел во кревет.

„Ме изненади. Бев збунет. Со целата тежина легна на моите гради. Рацете ми беа врзани. Не побарав од него да го направи тоа. Се чувствував како елен пред фарови. Чувствував дека не можам да направам било што во тој момент“, рече Ентони.

На крајот побегнал во тоалетот и се обидел да се врати во контрола. За него таквото искуство било неверојатно вознемирувачки и застрашувачки.

Scroll to Top