Со висок шлиц и длабоко деколте Меган Маркл дојде на гала-настан за воените ветерани

Меган Маркл (40) и принцот Хари (37) присуствува на гала-вечера во Њујорк, организирана во чест на воените ветерани. Таа се појави во долг црвен фустан со шлиц на предниот дел и деколте, кое целосно пркоси им на строгите кралски правила на облекување. А Хари носеше црн костум и бела кошула, а на сакото беа закачени неговите медали.

За разлика од другите воени лица на настанот, Хари не ја носеше својата униформа бидејќи не смее. Нему му беа одземени воените титули со напуштањето на Англија, а со тоа и униформата.

Тие вторпат се во посета на Њујорк оваа година. Тој беше специјален гостин на годинешниот настан најмногу поради неговото искуство во војската, а им доделуваше медали на поранешни војници и семејства на загинати војници.

За време на вечерта, Меган и Хари речиси постојано се држеа за рака, разговараа со присутните и уживаа во моментот.

Тие веќе две години живеат во САД откога решија да го напуштат кралското семејство бидејќи сакаа да имаат понормален живот. По гостувањето во шоуто на Опра, каде што изнесоа скандалозни детали од животот во палатата, значително го заладија односот со нив.

 

Scroll to Top