Софи Тарнер и Џо Џонас се венчаа тајно во Лас Вегас

Глумицата Софи Тарнер и музичарот Џо Џонас се венчаа тајно во Лас Вегас. Тие се венчаа во мала капела, а наместо свештеник, ги венчал имитатор на Елвис Присли. Двојката пред неколку месеци најави дека летово ќе прават голема свадба во замок во Франција. На церемонијата присуствувале браќата на Џо, Ник и Кевин Џонас, со сопругите, Пријанка Чопра и Даниел Џонас, но и музичарите Калид и Ден + Шеј, и кантри-ѕвездата Дипло.

„По  наградите Билборд, да се забавуваме и на свадба“, напиша Дипло и прв објави слики од свадбата и се вклучи во живо на „Инстаграм“ додека Џо и Софи разменуваа завети.

Софи, која се прослави со улогата на Санса Старк во хит-серијата „Игра на тронови“ и Џо, член на бендот „Џонас брадрс“, беа во врска повеќе од две години, а се верија во октомври 2017 година.

 

Scroll to Top