Софија Лорен не старее ни на 83 години

Италијанската актерка Софија Лорен важи за една од најубавите жени во светот. Дури и на 83 години легендарната актерка која отсекогаш важела за голема заводничка плени со убавината, стилот и облините. Кои се тајните на нејзината безвременска убавина? Софија верува дека секоја жена може да биде неодолива само ако посака да биде таква. Нејзината прва и главна тајна е дисциплината.

„Ако младата жена е убава, но не е дисциплинирана, таа ќе ја изгуби убавината кога ќе почне да старее. Ако жената се негува редовно, со текот на годините ќе биде поубава и поубава“, тврди Софија, која целиот живот се негувала на ист начин.

Актерката никогаш не сакала да вежба, па линијата ја одржува со долгите утрински прошетки кои ѝ го забрзуваат метаболизмот.

Што се однесува до производите за нега на лицето и телото, таа секогаш користела природни препарати. Шминката секоја вечер ја вади со маслиново масло, а потоа лицето го мие со млака вода.

„По ова, на лицето нема да ви остане ни пудра ни маскара“, вели актерката која им го препорачува маслиновото масло на сите жени.

Scroll to Top