Софија Вергара без бурма на раката се прошета низ Холивуд, една недела откако нејзиниот сопруг Џо Манганиело поднесе барање за развод.
Додека се шетала низ Западен Холивуд во понеделникот, актерката носела сива кошула со долги ракави и темносини долни тренерки „Наик“. Изгледот го комплетираla со златни обетки, бели тениски чевли и соодветна чанта преку рамо. Додека одеla, Вергара ги кренала палците и им се насмевна на фотографите додека поминувала покрај нив.
Инаку, ѕвездата од „Модерно семејство“ неодамна се врати во Лос Анџелес откако го прослави својот 51 роденден во Италија со некои од нејзините најблиски пријатели. За време на патувањето, обожавателите забележале дека таа повеќе не го носи прстенот и дека Манганиело не е со неа, што навестуваше дека нивниот брак не е стабилен.
Манганиело со постара фотографија и честиташе роденден на Софија, по што набргу потоа „Пејџ сикс“ ексклузивно откри дека двајцата се разделуваат по седум години брак.
„Донесовме донесовме тешка одлука и решивме да се разведеме“, изјави двојката ексклузивно за магазинот на 17 јули.
„Како две личности кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека поминуваме низ оваа нова фаза од нашиот живот“, нагласија тие. Близок извор, исто така, изјавил за „Пејџ сикс“ дека двајцата се оддалечиле некое време и конечно решиле да се оддалечат еден од друг за да размислат за својата иднина.
Манганиело потоа поднел барање за развод, наведувајќи ги непомирливите разлики како причина за нивната разделба. Имено, 2 јули бил наведен како датум на разделба. Сепак, повеќе извори изјавија за дека двајцата живеат одвоени животи некое време пред да објават јавно дека се разведуваат. Иако Вергара и Манганиело не ги открија конкретните причини за нивната разделба, повеќе извори споделија дека тоа е поврзано со неговата желба да има деца.