Сопругата се одмазди на секси робијашот со селфи, како удар на неговото мување со преубавата милионерка

Секси робијашот на својот профил ги избриша сите фотки на кои се има сликнато со неговата сопруга Мелиса.

Џереми Микс (33), низ светот познат како најсекси робијаш, кој направи завидна кариера како модел, нема проблем да разменува нежности со богатата наследничка Клои Грин, и тоа зад грбот на својата сопруга.

Тој изминатата сабота стигна во Германија, и цело време, не ја тргаше насмевката од своето лице, а тоа го докажуваат и сликите кои се објавени на Инстаграмот на неговиот менаџер. Но, додека тој на целиот свет покажува колку е среќен, бројни корисници на социјалните мрежи, го осудија неговото неверство.

 

Сликата е објавена само два дена откако Микс е снимен како разменува нежности со Клои Грин, ќерката на познатиот бизнисмен на една јахта во Турција.

Откако допатува во Германија, корисниците на Инстаграм остро реагираа. Можеа да се прочитаат коментари од типот: „Треба да ви е срам“, што сигурно се однесуваше на неодамнешниот снимен бакнеж меѓу секси робијашот и богатата наследничка.

 

Foto: Profimedia/Abaca

Не долг период, мируваше и неговата сопруга, Мелиса, со која е во брак веќе осум години. Таа како одговор на неверството на мажот, постави нова фотка на Инстаграм.

Ја постави и својата секси фотка, на која се гледа нејзиното деколте, со два хаштага – „Кралиците се родени во јули“, и „Овој месец е мојот роденден“, пренесува Дејли Мејл.

 

Foto: Instagram/Melissa Meeks

Богатата наследничка го избриша својот Инстаграм налог набрзо откако ја објави фотката каде се љуби со новиот дечко со пораката: „Ова е само почеток. Ја ценам вашата љубов и омраза“.

Секси робијашот на својот налог ги избриша сите фотографии на кои е со сопругата Мелиса, што баш и не им се допадна премногу на фановите, кои се „заљубија во него“, откако неговите фотки се појавија за прв пат во 2014 година.

 

Foto: Profimedia/Abaca

Тој меѓутоа остави и слики на кои се Мелиса и децата од претходната врска, како и нивното заедничко дете. Многумина не се согласија со неговата постапка, па оставија брутални коментари критикувајќи ја неговата неодамнешна јавна измама.

„Каков идиот ја напушта жената која била со него осум години, и која му подари прекрасни деца?

 

Foto: Profimedia/Abaca

„Вашите постапки го претставуваат однесувањето на вистинскиот злочинец“, стои во другиот.

„Кармата е кучка. Запаметете го тоа“, напиша трет корисник.

Ниту Клои мина баш убаво, затоа што бројни корисници на социјалните мрежи најавија дека ќе го бојкотираат ланецот на продавници, кои го води нејзиното семејство, токму поради нејзините постапки, затоа што знаела дека Џереми е оженет човек, но не му било премногу грижа.

 

Scroll to Top