Сопругот на Сторми Даниелс бара развод

By

Сопругот на американската порноактерка Сторми Даниелс, која тврди дека имала сексуални односи со американскиот претседател Доналд Трамп пред 12 години, поднел барање за развод, соопшти денеска нејзиниот адвокат Мајкл Авенати.

„Мојата клиентка и нејзиниот сопруг Глен одлучија да стават крај на својот брак. Ќерката на Сторми ќе остане нејзин приоритет број еден. Таа љубезно ги моли сите за приватност за добросостојба на семејството“, навел Авенати на својот налог на „Твитер“.

Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, се омажила за бубњарот Глендон Крејн во 2015 година, потсетува „Ројтерс“ повикувајќи се на медиумите.

Крејн, кој исто така работел во сексуалната индустрија, со име Брендон Милер, е третиот сопруг на Даниелс, пренесува „Њујорк дејли њуз“.

Барањето за развод е поднесено една недела по апсењето на Даниелс во еден стриптиз-клуб во Охајо затоа што наводно дозволила муштериите да ја допираат на сцената, но потоа е ослободена со кауција од 6.000 долари.

Според законот на Охајо, забрането е кој било да ги допира девојките танчарки доколку не се во сродство со нив.

Адвокатот на Даниелс го нарече апсењето наместено и политички мотивирано.

Даниелс во судскиот спор со Трамп тврди дека спиела со сегашниот американски претседател во 2006 година, нешто што тој тоа го негира.

Порноактерката вели дека ѝ платиле 130.000 долари непосредно пред претседателските избори во 2016 година за да молчи за наводната врска со Трамп.

 

 

 

Ќе ви се допадне

AnimeFreak attack on titan animefreak: Watch Dragon Ball (Dub) Episode 33 (https://animefreak.ws/m/Kyo/ep-33)

KissAnime watch anime online: Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 26