Сопругот на Жизел Бундхен откри за нивните проблеми во бракот

Жизел Бундхен не била задоволна во бракот со Том Брејди, ѕвездата на Националната фудбалска лига (НФЛ).  Американскиот фудбалер откри дека пред неколку години поминал низ тежок период на караници со сопругата Жизел, кога изразила желба тој да направи повеќе за нивното семејство – за синот Бенџамин (10) и ќерката Вивијан (7) – додека не е ангажиран со својата кариера.

„Пред неколку години таа не чувствуваше како да сум дел од семејството, сметаше дека не придонесувам доволно. Таа имаше впечаток дека  сакам да играм фудбал цела сезона без пауза и дека сакам таа да се грижи за куќата. И кога ќе завршеше сезоната, јас бев зафатен со други деловни активности, и потоа повторно со мојот фудбалски тренинг. Жизел тогаш ме прашуваше кога мислам да направам нешто за нашиот дом, за семејството. Кога ќе ги однесам децата на училиште и слично“, изјави суперѕвездата на НФЛ.

„Тоа беше голем дел од нашиот брак и јас морав да се преиспитам себеси бидејќи таа велеше ‘и јас имам цели и соништа’.“

39-годишната Жизел, една од најубавите жени во светот, на својот сопруг, со кого се омажи во 2009 година, му напишала искрено писмо за да објасни како се чувствува. И потоа тие почнале да посетуваат брачен советник со цел да ја обноват романсата.

Том признава дека не му се допаѓале коментарите на Жизел, но потоа сфатил дека и двајцата се смениле и еволуирале со текот на времето.

„Бидејќи ситуацијата со моето семејство не беше добра и Жизел не беше задоволна од нашиот брак, јас требаше да направам промена. Таа ми напиша искрено и добро обмислено писмо, сè уште го чувам во фиока и го читам. Тоа ми е добар потсетник дека со тек на време работите се менуваат и еволуираат.“

„Тоа што се случувало и било добро за нас пред 10 години нема да остане така засекогаш затоа што растеме на различни начини“, вели Том.

Scroll to Top