Совети за убавина од Амал Клуни

Сопругата на актерот Џорџ Клуни, Амал, освен што е модна икона, за многумина е една од најубавите жени во светот. Таа неодамна во интервју ги откри своите тајни на убавината.

1. Совршените веѓи се задолжителни

Тесните и темни веѓи на Амал Клуни се природни, но тие треба да се одржуваат. Таа ги советува дамите редовно да користат гел или друг производ за обликување и одржување на совршениот изглед. На овој начин нема да мора да се справувате со влакненцата кои одат во сите правци или постојано да ги местите веѓите.

2. Розовото е во мода

Розовата шминка е заштитна боја на Амал Клуни. Таа ја носи на усните, ама и како руменило, што придонесува за понежен изглед на нејзината кожа. Розовите нијанси се одличен избор за секоја пригода и се комбинираат совршено со секаков тип шминка на очите.

3. Лекции од Бриџит Бардо за коса

Волуменот е најважен дел од фризурата на Амал Клуни. Таа признава дека е инспирирана од Бриџит Бардо. Овој ефект на волумен на горниот дел од фризурата го добива или со тркалезна четка или со ретро витлери за коса.

Scroll to Top