Пејачката Рита Ора (28) е во љубовна врска со Андрју Гарфилд, актерот кој глуми во филмот „Спајдермен“.
Како што објави британскиот The Sun, двојката штотуку почнала да се забавува, откако Рита раскина со своето претходно момче.
„Рита се пофали дека има ново момче пред околу еден месец, нивните обрвски се преголеми, но наоѓаат време и се согласуваат многу добро”, открил непознат извор за весникот.
Новото момче на Рита, кој е постар седум години од неа, е познат по врската со оскаровката Ема Стоун, со која се запознале на снимање во 2011 година. Парот неколкупати ја прекина врската, а во 2015 година се разделија. Од друга страна, младата британска пејачка, по потекло од Косово, имаше прилично турбулентен љубовен живот. Ора беше во бурна врска со Роб Кардашијан и Калвин Харис. Шкотскиот диџеј наводно ѝ бил голема љубов, но тој ја прекинал нивната врска во 2014 година, по само една година откако биле заедно.
Со последното момче Андреј Ват првпат е видена пред една година за време на нивното романтично патување во Рим, но и таа врска не траела долго. Во меѓувреме, постоеја шпекулации дека има кратка авантура со борцот Конор Мекгрегор, и покрај фактот дека тој има долгогодишна врска со девојка со која има син, па јавното флертувањето со Рита налути многу негови фанови.