Спиеле и со 80 жени во еден месец, холивудски актери, пејачи и спортисти кои признаа дека се зависни од секс

Некои од познатите холивудски ѕвезди и пејачи не кријат дека се зависни од секс. Меѓу нив се Чарли Шин, Мајкл Даглас, Роби Вилијамс, Џек Никлсон и други. Сите тие посетувале клиники за одвикнување. Некои се развеле, а некои, пак, овој проблем го замениле со други пороци.

Зависноста од секс подразбира сексуално однесување кое влијае на нормалниот живот кај поединецот. Ваквото однесување може да ја промени врската, бракот, да влијае на работата, здравјето или психолошката состојба кај личноста. Она што е карактеристично е дека и покрај очигледните последици, сите продолжуваат со штетното однесување.

Меѓу нив има и познати кои не кријат дека се бореле со овој проблем. Тие признале јавно, иако некои од нив со ваков проблем глумеле и во филмови. Велат дека последиците значително им го смениле животот.

Еден од нив е Чарли Шин, познат и како палавиот маж во Холивуд. Се пријавил во клиника за одвикнување, затоа што со овој проблем се борел уште од 25 години. Поточно се бори до ден денес и сè уште не успеал да го реши истиот. Сексуалната зависност е главната причина за распадот на бракот со Дениз Ричардс.

И наредните врски не успеа да ги спаси поради истиот проблем. За потсетување, Шин во 2015 година јавно призна и дека е ХИВ позитивен.

Уште една филмска ѕвезда која јавно призна дека се бори со овој проблем е Џек Николсон. На многумина им е позната изјавата на неговата колешка Ким Бесинџер, која рече дека е луд и дека никогаш не запознала некого кој е опседнат толку со секс. Никогаш не криел колку ужива во него.

На прашањето колку деца има одговорил: „Можеби имам и 9.000, затоа што некогаш живеев прилично слободно и никогаш не ми беше доста од жените. Имаше денови кога во креветот ќе се разбудев со четири или повеќе девојки.

Пејачот Роби Вилијамс исто така јавно признал дека е зависен од секс. Имал проблеми и со дрогата и алкохолот. Сексуалната зависност ја заменил со друга, а се смири дури откако влезе во брак.

„Се одреков од дрогата и алкохолот и сакав да ги заменам со нешто друго, па имав повеќе секс, но не наоѓав среќа во тоа“, рече Вилијамс во едно од неговите интервјуа.

Уште еден познат холивудски актер кој признал дека има проблем со зависноста од секс е Мајкл Даглас. Тој минал подолго време во клиника, а главната причина за неговиот прв развод бил токму ова. Во едно интервју рече дека татко му Кирк Даглас бил горд на тоа што син му е сексуален зависник.

Како и Мајкл Даглас така и светскиот голф играч Тајгер Вудс има проблеми со зависноста од секс. Призна дека не можел да се воздржи и дека тоа било посилно од него. Поради тоа во јавноста испливаа голем број негови афери, а потоа се случи и развод, па на крај одлучи да побара стручна помош.

Расел Бренд како и другите имал прилично богат сексуален живот. Наводно има и тим кој му бара жени за секс. Актеротне крие дека е сексуален зависник, а тврди дека во еден месец спие и со 80 жени.

 

Scroll to Top