Српската водителка Јеремиќ објави заедничка фотографија со бившиот маж и сегашниот дечко

Водителката на утринската програма на Пинк, Јована Јеремиќ, долго време ужива во врска со бизнисменот Драган Станковиќ, сопственик на синџир пекари, кој е 15 години постар од неа.

Јована не крие дека Драган е нејзината најголема љубов, а сега дополнително ги изненади своите следбеници со фотографија на која позира со него и со поранешниот сопруг Воислав Милошевиќ со кој ја има ќерката Леа.

– Мојот живот во една слика. Леа, среќен роденден. Ти благодарам што ме избра да ти бидам мајка – напиша Јована во описот на фотографијата.

Scroll to Top