Српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ во преговори со Џулија Робертс за снимање филм за неговото семејство

Српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ ѝ понудил на холивудската актерка Џулија Робертс улога во филм за неговото семејство. Филмот сè уште е во претпродукција, а Богољуб Кариќ ја потврдил оваа вест.

„Вистина е дека преговараме. Една од идеите е Џулија да ја толкува улогата на мојата сопруга Миланка, и покрај тоа што Миланка претпочита ролјата да ѝ припадне на Катрин Денев или Шерон Стоун. Во тој случај, Џулија би ја глумела снаа ми Маријана“, открива Богољуб Кариќ за белградски „Новости”. Буџетот за филмот е пет милиони евра.

Семејството Кариќ важи за едно од најбогатите во Србија. Тие беа мнозински сопственици на првата компанија за мобилни телефони во земјата, „Мобтел”, и имаат бизнис врски со руски конгломерати. Богољуб Кариќ беше близок и со поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ. Џулија Робертс минатата седмица престојуваше во Белград заедно со своето семејство. Се говори и дека нејзиниот сопруг, сценаристот и режисер Даниел Модер, работи на проект во Белград.

 

Scroll to Top