Сталоне му понудил на Тајсон Фјури улога во новиот филм „Платеници“

Силвестер Сталоне (75) му понудил на светскиот шампион во бокс, Тајсон Фјури, улога во новото продолжение на филмот „Платеници“, пишува британски „Сан“.

Ѕвездата познат како Роки и Рамбо бил импресиониран од Фјури, познат и како Џипси Кинг, поради неговиот нокаут во мечот против американскиот борец Дионтеј Вајлдер.

„Бинго. Тајсон, неверојатен си. Сериозно, тоа е борба на векот. Мислам дека ќе имаш фантастична филмска кариера. ‘Платеници’ е готова работа за тебе“, рече Сталоне.

Фјури минатата година се пошегува на сметка на Сталоне и рече дека актерот го бара него, затоа што му треба некој негативец да игра во неговиот филм.

Scroll to Top