Силвестер Сталоне кажа дека се разочарл затоа што серијалот „Роки“ ќе се прошири со филм за еден од неговите најголеми противници Иван Драго. Тој вели дека продуцентот Ирвин Винклер е алчен, откако беше најавено дека студиото „МГМ“ ќе снима спиноф кој ќе се фокусира на семејството Драго.
„Патетичниот 94-годишен продуцент и неговите алчни и бескорисни деца повторно го собираат она што останало од уште еден прекрасен лик. Јас морам да им се извинам на фановите на Роки, но тој се експлоатира од алчноста“, напиша Сталоне на Твитер.
Ладнокрвниот руски боксер Иван Драго беше ѕвездата на „Роки 4“ од 1985, а неговиот син Виктор Драго се појави во вториот дел на „Крид“ од 2018. Засега не е потврдено дали Долф Лундгрен и Флоријан Мунтеану ќе ги играат пак истите улоги .