За време на снимањето на филмовите често се случуваат интересни и необични случки, кои за јавноста остануваат непознати. Така за време на снимањето на неколку светски филмови, многу познати актери се соочиле со предизвици кои сакале да ги зачуваат само за себе.
Таков е случајот со Том Хенкс, Силвестер Сталоне, Леонардо ди Каприо и многу други познати светски глумци.
Форест Гамп, 1994 година.
Том Хенкс потпишал договор со кој се откажува од сите хонорари за филмот Форест Гамп, но само во случај ако не стане успешен. Во спротивно тој ќе добие процент од профитот од продажба на билетите за кино.
На Хенкс му се исплатил ваквиот ризик. Филмот заработил 677 милиони долари од продажба на билети. По завршувањето на прикажувањето на филмот, сметката на Том Хенкс се зголемила за 40 милиони долари.
Интерстелар 2014 година.
Кристофер Нолан засади 500 хектари пченка за целите на снимањето на филмот Интерстелар. По завршувањето на снимањето, тој ја продал пченката, заработувајќи огромна сума пари.
Роки IV, 1985 година.
Познатиот Роки, односно Силвестер Сталоне, инсистирал да снимаат вистински сцени за време на бокс мечот во четвртиот дел од сагата Роки Балбоа. Тој го замолил својот колега Долф Лундгрен, да го удри силно за да може сцената да изгледа многу порелано. По силниот удар во стомакот, Сталоне завршил на интензивна нега.
Далас бајерс клуб, 2013 година
Иако имаа исклучително мал буџет, тие ја добија наградата од Академијата за најдобра шминка. Поточно, буџетот за снимање бил само пет милиони американски долари, од кои само 250 американски долари биле одобрени за шминката на актерите.
Исчезната 2014
Снимањето на овој филм непрекинато траел четири дена, откако славниот актер Бен Афлек одбил да носи капа за бејзбол од „Њјорк Јенкис“. Афлек е голем фан на тимот на Бостон Ред Сокс, затоа што живее во тој град и не сакал по ниту една сцена да ги носи боите на противничкиот тим.
Ѓаволот носи Прада, 2006 г.
На снимањето на филмот, Мерил Стрип ѝ се обратила на помладата колешка Ен Хетвеј со зборовите:
„Мислам дека си совршена за оваа улога. Јас сум многу среќна што ќе работиме заедно“. Веднаш потоа и кажала: „Ова е последната убава работа што ќе ти ја кажам до крајот на филмот“.
Волкот од Вол Стрит, 2013 година.
Глумците Леонардо ди Каприо и Џон Хил за потребите на сцената во која требало да земаат кокаин, употребиле издробени апчиња витамин Б. Притоа дошло до компликации со здравјето на Џон, кој веднаш бил хоспитализиран.
Кум, 1972 година.
Познатата мачка, која најде прибежиште во скутот на Марлон Брандо, не била планирана во филмското сценарио. Мачката залутала, а режисерот Френсис Копола ја пронашол за време на снимање на сетот. Одлуката била донесена во последен момент, па мачката станала дел од историјата