Стар сум, ама секси: Џим Кери наполни 60 години

Славниот глумец Џим Кери го прослави шеесеттиот роденден и во свој стил им кажа на обожавателите дека уште не е за фрлање. тој објави видео на Твитер во кое вели: Стар сум, ама секси. Кери не криеше дека е возбуден за роденденот.

„Ве сакам сите што се со мене сите овие години“, им кажа во објавата на обожавателите. Тие, пак, му се заблагодарија што со години ги смее и расположува.

Глумецот, за кого велат дека е еден од најнасмеаните луѓе во Холивуд, како дете имал многу тежок живот. На 12 години останал без татко и целото семејство било принудено до живее во комбе. Во една интервју призна дека тоа за него било многу трауматично искуство. Поради тешката ситуација на 15 години го напуштил училиштето и се вработил како вратар. Вели дека веројатно тоа и ќе го работел цел живот, ако не станел актер.

Денес Кери е еден од најбогатите комичари со заработка од 180 милиони долари, познат по уговите во филмовите „Маска“, „Глуп и поглуп“, „Лажго, лажго“, „Ејс Вентура“ и други.

https://twitter.com/JimCarrey/status/1483173328563040256?

Scroll to Top