
Стефани Дејвис и Џереми Меконел, ѕвездата на британскиот „Велики брат“, жестоко се испокараа во неделата вечерта во собата „Royal Chace“ хотелот во Ирска!
Како што пишуваат светските медиуми, причината за жестоката расправа сеуште не е позната, но она што е сосема сигурно е јасно дека Џереми го извлече подебелиот крај, поради тоа што девојката му нанела сериозни повреди. Глумицата и старлетата на својот дечко, познат модел, му го скршила носот, повредила окото, а од силните удари Џереми добил и потрес на мозокот.
Од друга страна, Стефани, од полицијата излегла со модрица кај окото, и изгребан врат. Стефани од притвор беше пуштена, штом ја платила кауцијата.
Иако и двајцата сеуште не се огласија за овој повод, според изјавите на сведокот, Џереми и Стефани, пред тепачката со часови се пијанчеле во еден паб. Тука веќе дојде до вербална пресметка, по што морале да ги одвојат и посебно да ги вратат во хотел, а потоа да бидете работата уште полоша, тепачката ја продолжиле во собата. Како што се зборува, повеќе од 10 полицајци морале да ги раздвојуваат.
Џереми по скандалот, и прегледот во болница се врати во родниот Даблин.