Старлетата Селест Брајт со која бразилскиот фудбалер Нејмар ја изневерил неговата бремена девојка објави порака што ја добила од него на својот Инатаграм.
Откако фудбалерот јавно призна дека ја изневерил Бруна Бјанкарди и се извини на Инстаграм пред 210 милиони следбеници.
„Ако имаш девојка или жена, не праќај пораки на други жени. Тоа е погрешно и покажува големо непочитување кон личноста со која си“, рекла таа и ја објавила пораката што Нејмар ѝ ја испратил на Инстаграм.
Нејзината објава се прошири на социјалните мрежи и фудбалерот доби бројни критики.
„Не знам како не се срами да го прави ова додека има трудна девојка дома“, „Катастрофа е ова што го прави овој лик“, „Срамота“, се дел од коментари.
Инаку, Нејмар и Бруна Бјанкарди во април објавија дека го чекаат своето прво дете. Двојката се забавува од пред две години. Фудбалерот го има 12-годишниот син Дави Лука од претходната врска со девојката Каролина Дантас.