Стинг доаѓа со свој готвач и комплетна кетеринг-служба

Британската рок-легенда Стинг, кој има концерт во Скопје на 15 октомври, доаѓа без никакви посебни барања од организаторите „Авалон продукција“. За разлика од многу ѕвезди што дошле во Скопје и имале посебни желби, од тоа каков леб да има на менито за јадење, до кое пиво и какво овошје да се донесе во текот на денот, Стинг си носи свои готвачи, своја кетеринг-служба и буквално сè што нему му е потребно за двата дена престој во Скопје.

„Од ова сме сосема растоварени и единственото нешто што се бара од нас е да организираме добар концерт, со добро озвучувања и на добро место“, велат од „Авалон“.

Стинг е еден од најзначајните современи музичари. Во Скопје ќе свири во „Борис Трајковски“ како дел од светската турнеја за својот последен албум „57. и 9.“.

Специјален гостин на оваа турнеја и на концертот во Скопје ќе биде Џо Самер.

 

Scroll to Top