Стинг се враќа со нов албум на 70 години

Стинг се враќа со нов албум на 70 години. Ова е негов 15-ти студиски албум со име „Мост“. Тој ќе излезе в петок, а е снимен е за време на карантините во Европа со музичари на разни локации додека тој бил во својот дом во Лондон.

Тој објсани дека се одлучил за такво име затоа што мостот е метафора за надминување на неволјите. Според него, сите бараат мост да одат на друго, подобро место.

„Сите луѓе за кои пишувам се во некаква транзиција. Сите бараме излез од ова мочуриште, сите го бараме мостот кон нешто поинакво и поудобно. Во светот владее многу опасна политичка клима во која работничката класа е напуштена од она што го нарекуваат елита“, вели Стинг.
Музичарот вели дека за него брегзитот е лична трагедија. „Тажен сум за мојата земја. Знаевме дека ќе биде катастрофа и мора да го прифатиме тоа, но јас не сум среќен“, вели тој.
Исто така, не го разбира и скептицизмот кон вакцините.

„Јас не се двоумев да се вакцинирам. Би сакал публиката на моите концерти да биде вакцинирана, но никого нема да принудувам. Сите луѓе за кои пишувам се во некаква транзиција. Сите бараме излез од ова мочуриште, сите го бараме мостот кон нешто поинакво и поудобно“.

Стинг, чиј албум е мешавина од џез, рок и фолк, вели дека планира да ги одработи сите настапи откажани поради пандемијата.

„Мора да си ги исполнам обврските. Тоа би можело да трае 18 месеци. Но, тоа е мојот живот, на турнеја сум од 1976“.

Стинг има шест деца од двата брака и повеќето од нив тргнаа по неговите уметнички стапки: двајца се актери, двајца се музичари, а едно е филмаџија. Најмладиот син, сепак, сака да биде полицаец.

„Тој ми вели: ‘Сите вие сте креативни, јас сакам да правам нешто корисно‘“.

Scroll to Top