Стинг: Случајно станав татко на шест деца

Светскиот музичар Стинг отворено зборуваше за неговиот брачен живот. Тој вели дека случајно станал татко на шест деца. Тој сега е во брак со Труди Стајлер со која имаат четири деца. Пејачот од претходниот брак со Франсе Томелти има уште две деца.

„Толку сум паметен. Тоа се најдобрите случајности во мојот живот. Тоа се најдобрите луѓе на светот“, вели Стинг, објаснувајќи дека тој е дедо на седум внуци.

Стинг со Стајлер е во брак 27 години, а претходно биле во врска 10 години. Тој вели дека е заљубен во неа како во првиот ден. Со своите пријатели се шегува дека само чудо им помогнало да останат толку време заедно.

„И јас знам по нешто за бракот. Со Труди се венчавме пред 27 години. Останавме толку време заедно затоа што ништо не земаме здраво за готово“, вели Стинг.

Пејачот истакна дека е во брак со својата најдобра пријателка, како и тоа дека никогаш не мислел дека ќе стане татко. Стинг се прослави како пејач на групата „The Police“, а потоа продолжи да гради успешна соло кариера.

Scroll to Top