Стив Кер за Коби Брајант: Само несреќата на Дражен може да се спореди со oваа трагедија

Поранешниот кошаркар и освојувач на пет НБА-прстени Стив Кер одговараше на новинарските прашања за несреќата во која животот го загуби Коби Брајант. Кер за време на тренингот на „Голден Стејт“ беше прашан од новинарите дали ова е најголемата трагедија во историјата на НБА-кошарката.

„Мислам, да. Еднакво бевме шокирани кога дознавме дека Меџик Џонсон има ХИВ затоа што во 1991 година мислевме дека му останала само уште една година живот. Фала богу, Меџик сè уште е жив, среќен и исполнет со живот. Но ако зборуваме за оние кои веќе ги нема, шокот и тагата кои ги чувствуваме по смртта на Коби ги почувствувавме и претходно во 1993 година, кога загина Дражен Петровиќ. И тогаш за Дражен и сега за Коби не можевме да поверуваме дека можеше да се случи такво нешто“, изјави Стив Кер.

Стив Кер три од шампионските прстени ги освои заедно со Мајкл Џордан, Скоти Пипен, Тони Кукоч, играјќи за „Чикаго булс“. Останатите два ги освои со тимот на „Сан Антонио спарс“. Уште три титули во најсилната светска кошаркарска лига освои и со „Вориорси“, но како тренер.

 

Scroll to Top