Стивен Тајлер ги откажа концертите и се пријави на рехабилитација

Легендарниот рокер Стивен Тајлер доброволно се пријавил на рехабилитација, откако повторно почнал да користи дрога, пренесоа светските медиуми.

„Како што многумина од вас знаат, нашиот сакан брат Стивен со години работеше на тоа да престане да биде зависен од дроги“, објави членовите од неговиот бенд „Аеросмит“.

„Тој го оперираше стапалото и беше подготвен за настап, но мораше да ги откаже концертите затоа што неодамна доброволно влезе во програмата за лечење од дроги. Тој се фокусираше на неговото здравје и опоравување“, рекоа од бендот.

За потсетување, „Аеросмит“ со турнејата требаше да почне на 17 јуни, но сите концерти во јуни и јули се откажани. Од бендот велат дека турнејата планираат да ја продолжат во септември.

 

 

 

Scroll to Top