Стивен Тајлер има 41 година помлада девојка

Стивен Тајлер, 69-годишниот пејач на култниот бенд „Аеросмит“, се појави на хуманитарна гала-вечер во Рим каде што се собираа средства за Фондацијата „Андреа Бочели и Мухамед Али Паркинсон центар“.

На настанот Тајлер го придружуваше Ејми Престон, неговата девојка, која има само 28 години. Пред да стапат во врска, Ејми му беше лична асистентка на Тајлер, па многумина негодуваат за нивната врска, пред сè, поради огромната разлика во годините.

Scroll to Top