Стивен Тајлер отвори дом за девојки жртви на злоупотреба

Пејачот на „Аеросмит“, Стивен Тајлер, присуствуваше на отворањето на домот за  девојки жртви на злоупотреба во Мемфис, откако лани донираше 500 000 долари како помош за изградбата на домот.

Домот се вика „Куќата на Џени“, а името го добила по хит-песната на „Аеросмот“ од 1989 Janie’s Got a Gun. Песната раскажува приказна за измислена девојка која е злоупотребувана од нејзиното семејство. За да ја напише оваа песна Тајлер бил инспириран од читањето статии за воружени насилства во Америка.

„Куќата на Џени“ е лоцирана во младинските села „Бартлет кампус“ и може да згрижи 14 девојчиња. Ним ќе им биде достапна терапија и поддршка за надминување на траумите и последиците.

„Ова е многу добро за моето срце и душа. Сите девојки кои ги запознав и ме инспирираа да помогнам да се отвори ваков дом, беа злоупотребени или психички, или ментално, или вербално“, рекол пејачот пред да ја пресече лентата. Тој раскажал дека овие девојки ги запознал кога самиот се лекувал од пороци.

Ова е втора згрижувачка куќа што ја отвори рок-ѕвездата. Првата куќа „Џени“ беше отворена во Атланта во 2017 година.

Scroll to Top