Стоиме зад украинскиот народ, Хари и Меган ја осудија Русија и Путин

Не престануваат реакциите во јавноста по руската инвазија во Украина. Голем број познати и славн личности ги осудија нападите на Русија врз Украина, а меѓу нив беа и принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, кои рекоа дека стојат зад народот на Украина.

Тие на страната на нивната фондација Archewell објавија соопштение за состојбата во Украина.

„Принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс и сите ние во Archewell стоиме зад народот на Украина, против ова кршење на меѓународните и хуманитарни права и ја поттикнуваме глобалната заедница и нејзините лидери да го направат истото“, стои во соопштението.

Кралицата Елизабета и британското кралско семејство засега се немаат огласено по повод руската инвазија над Украина, но многминиа паметат како принцот Чарлс во 2014 година за време на руската анексија на Крим, го спореди Путин со Хитлер.

Тоа наводно го изјавил во неформален разговор со една госпоѓа од Канада.

Scroll to Top