Сторми Даниелс му ги врати 130.000 долари на Доналд Трамп

Актерката од филмовите за возрасни, Сторми Даниелс, се понудила да ги врати тие 130.000 долари, колку што и било платено за да молчи од страна на Доналд Трамп, за да може слободно да проговори за своите односи со американскиот претседател и да објави каква било порака, фотографија или видеоснимка што можеби ја поседува.

Даниелс, односно Стефани Клифорд, како што ѝ е вистинското име, оваа понуда ја изнела во понеделникот во писмото што му го испратила на Трамп преку приватниот адвокатот Мајкл Кони, кој го прекршил договорот за доверливост со неа непосредно пред претседателските избори во 2016 година, пренесува Ен-би-си.

Тоа писмо му било испратено и на Лоренс Роузен, адвокатот што се претставил како застапник на Кони, како и до компанијата EC LLC, која ја основал Кони, во врска со договорот и исплатата што е извршена на сметката на Клифорд во октомври 2016 година.

Во писмото се наведува дека парите биле префрлени на сметка што се води на Трамп. За возврат, на Сторми треба да ѝ биде дозволено отворено и слободно да говори за својата врска со претседателот и обидите да биде замолчена, како и да користи и објавени текстуални пораки, фотографии и видеоматеријали во врска со претседателот, кои можеби таа ги поседува, а за возврат да нема страв за одмазда или законска одговорност“, се наведува во писмото.

„Ова никогаш немало врска со парите. Секогаш било во врска со тоа на госпоѓицата Клифорд да ѝ биде дозволено да ја каже вистината. На американскиот народ треба да му биде дозволено самиот да пресуди за тоа кој е кон него искрен, а кој го води во заблуда. Нашата понуда тежнее кон тоа“, изјавил адвокатот на Клифорд, Мајкл Авенати, за НБЦ.

Како што се наведува, на Трамп му е дадено рок до денеска попладне да реши што ќе направи.

Во писмото се бара да не се преземе никаква акција да се спречи објавувањето на интервјуто што Клифорд наводно му го дала на новинарот на Си-ен-ен, Андерсон Купер, во траење од 60 минути.

Сторми Даниелс поднела и тужба против американскиот претседател, во кој бара да се поништи договорот, кој, како што таа тврди, го потпишала со него неколку дена пред претседателските избори во 2016 година со образложение дека не е исправен, а кој ја спречува да говори за наводните средби со него. Во тужбата што ја поднела до високиот суд во Лос Анџелес се наведува дека договорот е склучен на 28 октомври 2016 година и дека тој е ништовен и без последици затоа што е потпишан од самиот Трамп лично.

Сторми во јавноста изјавила дека ќе проговори за сите детали од својот наводен однос со Трамп неколку недели пред изборите. Таа тврди дека започнала интимни односи со Трамп во 2006 година, една година откако Трамп се оженил со Меланија, како и тоа дека продолжиле со односите во текот на 2007 година, а се состанувале во Невада и Калифорнија.

Според нејзините зборови, Трамп ѝ платил 130.000 долари за да молчи.

Scroll to Top