Страсен бакнеж на Киану Ривс и неговата девојка на гала во Лос Анџелес

Актерот Киану Ривс со девојката Александра Грант страсно се бакнуваа на галата во Музејот на современа уметност во Лос Анџелес.

Насмеан парот позирал пред бројните фотографи, а во еден момент Киану страсно ја бакнал Александра.

Двојката првпат се појави заедно во јавноста во 2019 година. Александра е уметник и филантроп од Лос Анџелес. Родена во Охајо, таа е уметник откако дипломирала на колеџот Свартмор во 1994 година. Таа е позната по тоа што користи говор и јазик во својата работа и соработува со писатели во создавањето на скулптури, фотографии, цртежи и видео дела. Така се запознала со Киану, кој освен што снима филмови, се интересира и за поезија.

Александра Грант беше облечена во црвена долга тоалета со потпис на Каролина Херера. Наметката е изработена од свила, со дизајн на врат и набраздено здолниште. Богата црвена нијанса испушта романса, обезбедувајќи завиден вечерен изглед, вака модните критичари го коментираат стајлингот на Грант

Scroll to Top