Студентите ќе ја изучуваат Бијонсе – Нов предмет воведен на факултетите

By
Новиот предмет на Универзитетот во Копенхаген се нарекува „Бијонсе, пол и раса“, и интересот на студентите за истиот е огромен.

Bijonse, Gremi nagrade

Универзитетот во Копенхаген се најде во центарот на вниманието кога на студентите им понуди нов факултативен предмет под името „Бијонсе, пол и раса“.

Професорот Ерик Стајнски нагласи дека нема да биде лесно да се добие прелазна оценка, како и дека веќе е пополнет максималниот капацитет на предавањата за Бијонсе.

 

Студентите по уметност ќе ги проучуваат песните, текстовите и спотовите на американската ѕвезда, со акцент на сексуалноста, полот и расата.

„Една од нашите цели е да студентите ги запознаеме со идејата на црниот феминизам, кој не е претерано познат во Скандинавија. Бијонсе е многу важна во сваќањето на денешниот свет. Таа е една од најголемите поп ѕвезди, и многу е важна за анализа на современата доба“, објасни Ерик Стајнски.

 

Но, Данците не се први кои Бијонсе ја внесоа во студентските книги, и американскиот колеџ „Rutgers“ во 2014 година, во оквирот на женските студии, покрена предмет под името „Политизација на Бијонсе“…

 

Ќе ви се допадне