Судот го одбил барањето на Бред Пит за старателство над децата

Врховниот суд на Калифорнија го одбил барањето на Бред Пит во битката со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли за старателство над нивните деца. Судијата ја потврдил одлуката на пониските правосудни инстанции и ја донел без дополнително објаснување.

Инаку, Џоли е во Лондон со пет од нејзините деца поради гала-премиерата на нејзиниот најнов филм „Вечните“. Филмот пристигнува во кината на 5 ноември.

Нејзиниот адвокат Роберт Олсон за „Ју-ес-еј тудеј“ изјави дека неговата клиентка ја поздравила одлуката на судот.  

Scroll to Top