Светска премиера на „Аватар 2“ во Лондон, Кејт Винслет ново лице во светот на аватарите

Кејт Винслет, Зои Салдана, Сем Вортингтон, Сигурни Вивер, режисерот Џејмс Камерон, продуцентот Џон Ландау се појавија на црвениот тепих на плоштадот Лестер во Лондон пред светската проекција на долгоочекуваното филмско дело на Камерон, „Аватар 2“.

Филмските гледачи во Лондон синоќа први го видоа делото на познатиот холивудски филмаџија Џејмс Камерон, чие продолжение на филмот од 2009 година. Пред премиерата на филмот во свечени фустани прошетаа Сем Вортингтон и Зои Салдана, како и новото лице во светот на аватарите, познатата Кејт Винслет.

Продолжението на култниот филм го прикажува светот на планетата Пандора, како и враќањето на народот Нави чии главни ликови повторно ги толкуваат Сем Вортингтон и Зои Салдана. Филмот го прикажува семејството Сали, кое ги вклучува Џејк и Нејтири и нивните деца, ги следи неволјите со кои се соочуваат и патиштата по кои се движат за да се заштитат еден со друг, битките што ги водат во надеж за опстанок и трагедиите со кои се соочиле.

Погоем дел од вториот дел од филмот Аватар сниман е под вода, за што биле користени голем број камери, со специфична напредна технологија.

Продолжението на филмот трае нешто повеќе од три часа, што е дополнителни триесетина минути повеќе од претходната продукција од 2009 година.

Scroll to Top