Светски музички ѕвезди ќе пејат на концерт во чест на Принц

Повеќе од десетина светски музички ѕвезди ќе настапат на концерт во чест на починатата музичка легенда Принц. На концертот Let’s Go Crazy: The Grammy salute to Prince, кој ќе се одржи два дена по 62. доделување на Греми наградите, ќе настапат Џон Леџенд, Алиша Кис, Ашер, Крис Мартин и уште многу други познати музички ѕвезди.

Концертот ќе се одржи на 28 јануари во Лос Анџелес.

„Принц продолжува да ја буди иконата на уметници и обожаватлеи ширум светот. Со својот субверзивен став и заповедничка природа, тој комбинираше жанрови и создаваше електрична музика со силен карактер“, изјавила претседателката на американската Академија за дискографска уметност и наука Дебора Дуган.

Роџер Нелсон Принц, почина на 21 април 2016 година, неколку недели откако најави дека ќе објави автобиографка книга.

Неговата автобиографија „The Beautiful Ones“ објавена минатата година, е комбинација од фотографии и записи од негови белешки и текстови на песни.

 

Scroll to Top