Светски ѕвезди кои слават православен Божик

Многу холивудски ѕвезди ѝ припаѓаат на православната вероисповед. Некои од нив потекнуваат од православни семејства, некои прешле во православието од љубов, а постојат и оние кои барале религија која потполно ги исполнува, па тоа го пронашле во православието.

Популарната актерка Џенифер Анистон е од православната вера. Нејзиниот татко е роден во Грција, на Крит, па својата ќерка ја воспитал во духот на православието. Таа Божик секоја година го слави на 7 јануари со сите обичаи кои ги наложува оваа вера.

Славното семејство Кардашијан со потекло од Ерменија, исто така е православна вера. Пред три години Ким отпатува во својата татковина за Божик.

Сепак, најбројни се оние кои преминале во православна вера од љубов. Меѓу нив е и Наоми Кемпбел, супермодел со корени од Јамајка. Во православието преминала 2008 година кога го запознала рускиот бизнисмен Владислав Доронин, со кој по 5 години љубов го прекинала секој контакт.

Холивудската ѕвезда Том Хенкс преминал во православието пред 30 години, кога одлучил да се ожени со Рита Вилсон, со која и денес е во брак. Со неа има две деца, кои се воспитувани во православен дух. Освен него, во православна вера пред шест години преминало и целото негово семејство.

И актерот Кристијан Бејл пред 19 години преминал во православната вера поради Србинката Србослава (Сиби) Блажиќ, со која е во брак од 2000 година.

Истото го направил и Дејвид Ган, пејачот на групата „Депеш Мод“, кој ѝ се приклучил на православната црква поради сопругата Џенифер Склијаз која потекнува од Грција, а во брак се од 1999 година.

Актерот Џејмс Белуши, познат по хумористичните улоги и серии, е син на албански емигранти. Тој е припадник на Албанската православна црква. Активно ја посетувал Српската православна црква во Лос Анџелес, сѐ до крајот на ’90-тите, кога ја поддржа независноста на Косово.

Scroll to Top