Рита Ора се огласи на социјалните мрежи за крајот на летото. Иако крајот на летото полека се приближува, тоа не ја спречи да се потсети на славните моменти што го одбележаа.
Пејачката, која обожава да ги покажува своите адути, објави компилација од атрактивни фотографии на Инстаграм, а оние во бикини привлекоа големо внимание.
Рита ја покажа својата завидна фигура и извајани стомачни мускули, а може да се каже дека напорно работела во текот на оваа сезона.
„Летото речиси заврши…“, кратко напиша златнокосата убавица.
Нејзините бројни обожаватели веднаш реагираа на глетката и почнаа да пишуваат пофални зборови во нејзина чест „со брзина на светлината“.
„Прекрасна“, „Те сакам, Рита“, „Какво тело“, се само дел од коментарите…